Брена и Поповиќ за пет години заработиле 21.500.000 евра

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена и еден од сопствениците на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ во последните пет години се збогатиле за 21.500.000 евра. И покрај тоа што го немаат мнозинскиот пакет акции во „Гранд“, двајцата и понатаму заработиле голема сума на пари. Само минатата година добиле по 950.000 евра.

Ова го покажуваат податоците достапни во Агенцијата за деловни регистри. Најголемата продукција на Балканот „Гранд“ во последните пет години забележала раст на заработка која се мери во милиони евра. Во 2018 година, крајниот биланс бил речиси 4.000.000 нето приход, што е осум пати повеќе во периодот од пред неколку години.

Брена и понатаму поседува 25% од акциите во „Гранд“, преку офшор компании регистрирани на Кипар. Брена како и сопственик на четвртина од капиталот, според оваа пресметка, минатата година заработила околу милион евра, додека Поповиќ има добиено помалку, околу 960.000 евра со оглед на тоа дека е сопственик на 24% од компанијата.

Остатокот од имотот од 51% е во рацете на странски компании. Брена и Поповиќ по продажбата на 51% од компанијата за 15 милиони евра, во секоја наредна година, заработуваат повеќе и повеќе. Во 2014 година, покрај споменатите милиони од продажбата, заработиле и по дополнителни 120.000 евра од заработката на „Гранд“.

Вкупната сума била околу 478.000 евра. Тоа е најмалата сума на пари која тие ја заработиле од делувањето на продуциската куќа. Веќе наредната 2015 година, „Гранд“ вкупно заработиле 1.650.000 евра, од кој на Брена припадна 412.500 евра, а на Поповиќ околу 396.000 евра.

Уште позначителен скок на заработка се случил во 2016 и 2017 година, кога компанијата имала приход од 2.870.000, односно 3.300.000 евра. Според тоа на Брена и следувале речиси 1.600.000 евра, а на Поповиќ околу 1.450.000 евра.

Од само една епизода од оваа емисија се заработуваат приближно околу 100.000 евра. И самиот Саша Поповиќ во едно од своите интервјуа признал дека заработува повеќе од кога било претходно и потврдил дека тој износ од сезона во сезона само се зголемува.

 

 

Текстот Брена и Поповиќ за пет години заработиле 21.500.000 евра е превземен од Reporter.mk.