Синот на српската пејачка Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, ја откри тајната за брзото слабеење. Тој во изминатиот период ослабна повеќе од 50 килограми, а за ваквиот успех ѝ се заблагодари на неговата мајка Лепа Брена, која сакала да му го земе скапиот автомобил, ако за кратко време не ослабе.
Виктор во последните две години целосно се промени, а со новиот изглед се пофали со фотографии на социјалните мрежи. Неговите обожаватели бараа да им каже која е тајната за ваквата целосна трансформација.
„Како успеа? Мораш да ни кажеш. Што правеше, што јадеше, како тренираше?“, беа само некои од коментарите на фановите, под
Виктор за да не остане без автомобилот, почнал да тренира во теретана и да држи диета, која му ја дале нутриционисти.
„Брена долго време се обидуваше да го наговори Виктор да ослабе. Зборуваше со него, го советуваше што треба да прави, но тоа не даваше резултати. Тогаш му постави ултиматум да ослабне 45 килограми, или ќе остане без автомобилот. Виктор и вети дека за година дена ќе ослабне, но ја замоли да не му ги зема возилото“, вели извор близок до семејството.
На Брена и било тешко да го гледа Виктор како се уништува. Не сакала нејзиниот син да се чувствува нездоволно и мизерно, па затоа се решила на драстичен чекор. Виктор сега вели дека е задоволен од новиот изглед.
„Не одредив точно колку килограми изгубив, но мислам дека треба уште десетина. Важно ми е да се зацврстам и да им направам форма на мускулите“, изјавил Стефан.
Текстот Брена ќе му го земела автомобилот на Виктор ако не ослабел е превземен од Reporter.mk.