Фолк-пејачката Лепа Брена се пофали на социјалните мрежи со фотографија на која таа лежи боса на тревникот, додека го чека таксито што го нарачала преку мобилна апликација.
Брена во моментов ја одработува музичката турнеја низ Австралија, а вели дека секој слободен момент го користи за уживање.
„Уште го нема“, напишала Брена на фотографијата на која се гледа како го чека таксито.
Пред една недела постариот син на Брена, Стефан Живоиновиќ (26), доживеал полесна сообраќајна несреќа. Поради лошите временски услови и лизгавиот коловоз, Стефан се излизгал со својот автомобил и излетал од патот. Веднаш по враќањето од планината, тој отпатувал со Брена на турнејата низ Австралија.
Текстот Брена нервозна и боса на тревник чека такси е превземен од Reporter.mk.