Брена сака да ја продаде вилата во Мајами, а Боба не ѝ дозволува

Пејачката Лепа Брена сака да ја продаде вилата во Мајами, но нејзиниот сопруг Боба Живјиновиќ не ѝ дозволува, пишуваат српските медиуми. Во куќата која ја имаат во Америка, живееле нивните синови, Филип и Стефан Живојиновиќ, додека студирале. Сега, кога немаат потреба од неа, Брена сака да ја продаде поради давачките.

Близок извор до пејачката објаснува дека семејството во Мајами патува само за лето и дека не им е исплатливо да ја имаат оваа куќа, особено поради преголемиот данок. Со новиот американски закон, сите куќи во овој дел на земјата, мораат да бидат реновирани, односно да бидат изградени од цврст материјал поради зачестените урагани.

Боба се противи на продажбата затоа што вели дека секогаш се радува кога ќе оди во посета на Мајами каде може да се види со пријателите. Брена и Боба веќе одлучија да ја продадат својата луксузна вила во Белград, за два милиони евра.

 

Текстот Брена сака да ја продаде вилата во Мајами, а Боба не ѝ дозволува е превземен од Reporter.mk.