Српската пејачка Лепа Брена, за време на настапот на Music Week festival, за српските медиуми откри дека има желба да купи нов автомобил, но дека нејзиниот партнер Боба не ѝ дозволува. Таа не крие дека во гаражата имаат еден куп автомобили, но би сакала да го има еден мало смарт возило, за полесно да може да се снајде во гужвите.
„Боба не ми дозволува да купам мала кола, затоа што не се безбедни. А јас многу се нервирам кога некој автомобил погрешно ќе биде паркиран, кога некој ќе вози пребрзо или како што не треба ќе претркува на полна линија. Јас сум жена која ги почитува правилата и кога возам секогаш се расправам. Пцујам постојано, викам на глас и постојано имам проблем со тоа. За среќа нашите патишта стануваат сè подобри и почнува да се плаќа паркинг, па конечно постојат правила и кај нас“, вели Брена.
Пејачката раскажа дека наскоро планира да оди на одмор со другарките, но откри и дека има желба да купи нов брод и да оди на крстарење.
„Наскоро планирам одмор, некое крстарење со женско друштво, малку да се одморам“, вели Брена.
Текстот Брена сака нов автомобил, но Боба не ѝ дава е превземен од Reporter.mk.