Бри од „Очајни домаќинки“ откри дека имала рак

Актерката Марша Крос, која се прослави со улогата на Бри Ван дер Камп во серијата „Очајни домаќинки“ преку социјалните мрежи објави дека имала рак на аналниот отвор, но дека го победила и дека сега е здрава и среќна.

„Рак на аналниот отвор, смешно нели?“ напиша таа на „Инстаграм“ и објави слика на која има многу малку коса, а побара од фановите со неа да ги споделат своите искуства поврзани со оваа болест. Марша откри дека ѝ било многу тешко и дека најмногу се исплашила кога заради хемотерапијата ја изгубила косата.

„Ја победив болеста. Заздравувам и сега сум добро“, додала глумицата.

Марша открила и дека добила многу пораки за поддршка од нејзините пријатели и колеги-актери.

По улогата на Бри во „Очајни домаќинки“ имаше неколку помали улоги во серии и филмови. Последната улога ја одигра пред две години, ја глумеше претседателката на Америка во серијата „Квантико.

 

Текстот Бри од „Очајни домаќинки“ откри дека имала рак е превземен од Reporter.mk.