Глумицата Бригит Нилсен петтипат ќе стане мајка. Поранешна сопруга на Силвестер Сталоне на својот инстаграм-профил објави дека таа и нејзиниот партнер Матија Деси наскоро ќе станат родители.
„Семејството се проширува“, напиша Бригит покрај фотографијата на која го покажува својот труднички стомак.
Бригит е најпозната по улогите во филмовите „Црвената Соња“ и „Роки 4“. Таа беше позната како модел во средината на 80-те години. Со Матија е во брак од 2006 година. Претходно има четири брака и четири возрасни сина.