Данската манекенка и актерка Бригит Нилсен го роди своето петто дете.
Според магазинот „Пипл“, ова е прво дете за Бригит во бракот со Матие Десие.
55-годишната Бригит ридила здраво женско бебе во една приватна болница во Лос Анџелес. Бебето го добило името Фрида.
Атрактивната русокоса во брак со Матие е од 2006 година, а зад себе има четири брака и четири сина. Бригит во деведесеттите години на минатиот век беше во брак со славниот актер Силвестер Сталоне.