По 20 години музичка кариера, поп-ѕвездата Бритни Спирс наводно се повлекува од сцената, пишуваат повеќе светски медиуми.
Се зборува дека сама се пријавила во психијатриска установа оти била под голем емоционален притисок поради тешката здравствена состојба на татко ѝ. Пејачката поради тоа ги откажала и своите настапи во Лас Вегас.
Нејзиниот татко Џејми Спирс неодамна заврши во болница поради проблеми со цревата. Бритни повеќепати изјавуваше дека „без него би била целосно изгубена“.
Бритни во 2007 година доживеа нервен слом, а татко и ѝ помогна да се врати на сцената.
Текстот Брини Спирс се повлекува од музиката е превземен од Reporter.mk.