Почитувачите на Дајана денеска се собраа пред капијата на Кенсингтонската палата, за да ѝ оддадат чест на својата принцеза, на денот кога загина во Париз, пред точно 22 години.
Автомобилот Мерцедес S-280, со голема брзина на 31-ви август, 1997-ма година се удрил во столб во тунелот под мост во Париз, а веста за смртта на „Народната принцеза“, како што ја нарекувале, растажила милиони луѓе ширум светот.
Капијата на палатата која некогаш беше дом на прицезата, а во кој сега живее нејзиниот најстар син Вилијам со својата сопруга Кејт и со децата, покриена е со фотографии од Дајана, цвеќиња и стихови посветени на неа.
Принцезата Дајана беше обожувана ширум светот и тоа не само поради добротворните акции во кои учествувала.
Таа стана симбол на обична жена која може да стане принцеза. Дајана и Чарлс најавија “пријателска разделба“ во 1992-ра година, после подолго време шпекулирање во јавноста за нивното разделување.
И самата Дајана му испрати порака на светот пред официјалното признавање за распаѓање на бракот, кога во Индија сама се фотографираше пред Таџ Махала, место кое се смета за најромантично на светот.
Кога настрада принцезата Дајана, нејзините синови Вилијам и Хари имале 15 и 13 неполни години.
Денес Дајана ќе беше баба на четири внуци.
Kensington Palace this morning.
22 years ago to the day, the world died a little. We all died a little. Hope died a little. I remember waking to the news as if it were yesterday.
The candle that burned twice as bright, snuffed out tragically early. Never Forgotten. RIP Diana. pic.twitter.com/Sr2dgA8zz2— Mothra P.I. (@Hardywolf359) August 31, 2019
Текстот Британците не ја забораваат Дијана: 22 години од смртта на принцезата е превземен од Reporter.mk.