Британската кралица има комплициран однос со децата

Eкспертите за говор на тело, го анализираат однесувањето на кралицата Елизабета II. Како таа се однесува за време на јавните појавувања и гестикулациите кои ги прави.

Можат да се забележат многу таинствени пораки од нејзината невербална комуникација со децата.

И покрај формалноста и ригорозните правила за време на јавните настапи, преку нејзините потези, дистанцираноста, студеноста и резервираноста, експертите можат да откријат кои и се омилени внуци“, пишува Харперс Базар.

Најчесто таа е во друшво на својот првороден, принцот Чарлс. Веројатно затоа што Чарлс е следниот во редот за престолот. Експертот за човечко однесување Сузан Константин тврди дека кралицата со Чарлс има неверојатен близок однос.

„Интересно е да се забележи како нивниот однос е забавен и разигран. Кога се заедно и двајцата уживаат во моментот. Дури кога ќе ја бакне, забележливо е како принцот Чарлс го користи тој момент, за да се поврзе со својата мајка“, вели Константин.

„И кога кралицата го почитува протоколот, исто така покажува одредено ниво на интимност и емоции. Тоа е нешто што не се гледа секој ден. Особено не меѓу припадниците на кралското семејство.

Како единствена ќерка на кралциата Елизабета II, принцезата Ана минала полошо од своите браќа. Барем според она што го тврди Константин.

„Доколку не знаев дека се мајка и ќерка, никогаш не би помислила дека се во род. Оддалеченоста меѓу нив и формалноста во комуникацијата е неверојатно забележлива. Сепак постои можност таквата дистанцираност во нивниот однос да биде резултат на почитување на протоколите“, тврди Константин.

Експертот за говор на тело, Пети Вуд истакнал дека во некои ситуации може да се чини дека се блиски, но нивната невербална комуникација упатува на една сосема поинаква вистина.

Иако понекогаш се насмеани, кралскиот наборен нос и подигнатите веги, сугерираат дека таквиот однос е вештачки.

Дивеењето кое принцот Ендрју го има кон кралицата Елизабета II е без преседан.

„Во неговите очи кои секогаш се насочени кон кралицата, може да се забележи дека тој ја почитува“, вели Константин.

Сепак кога ќе се влезе подлабоко во анализата, можно е да се примети одредено ниво на нервоза која принцот и кралицата ја чувствуваат.

„Повлекувањето и местењето облека е знак на неудобност“, објаснува Вуд.

Кралицата тоа ретко го прави, но во друштво на принцот Ендрју, зане да омекне од што може да се заклучи дека формалноста на двајцата тешко им паѓа.

На прв поглед очигледно е дека принцот Едвард е нејзин миленик. Секогаш кога се во негово друштво, кралицата ќе се потпре на него и ќе направи искрена насмевка.

„Нејзиниот говор на тело вришти, „тоа е мое дете!““, вели Константин.

Кога ќе и се даде можност, кралицата своето време го посветува подеднакво на нејзините најмлади синови, принцот Ендрју и принцот Едвард.

„Тоа е добар показател дека постои еднаква приврзаност меѓу нив. Исто така може да се почувствува разлика меѓу Едвард и Ендрју. Едвард е повеќе резервиран, како својата мајка, додека Ендрју делува моќно“, заклучува Константин.

 

 

Текстот Британската кралица има комплициран однос со децата е превземен од Reporter.mk.