Американската пејачка Бритни Спирс викендов одржа концерт во лондонската О2 арена. Пејачката на себе носеше црн градник, долна облека и чорапи до колената. Публиката се воодушеви откако на сцената се појави англискиот водител и модел Рајлан Кларк Нил.
Силни овации се слушаа за време на изведбата на песната „Freak Show“. Бритни настапи заедно Кларк, кој на публиката и приреди големи изненадувања, пренесува британски „Сан“.
Водителот на сцената го одглуми нејзиниот поранешен љубовник, а танчарите му помогнаа да го одигра својот дел од улогата.
Hey @Rylan, did you get up to much last night? @britneyspears #PieceofMe #Freakshow pic.twitter.com/pLhIGaQkHq
— This Morning (@thismorning) August 26, 2018
„Те сакам Бритни. Каква ноќ“, коментирал потоа Кларк на социјалните мрежи на објавеното видео од концертот.
Фановите пресреќни го поздравија Кларк пофалувајќи го за покажаниот професионализам на сцената.
Бритни и Кларк се запознаа во 2016 година.
Текстот Британски модел на сцената го одглуми поранешното момче на Бритни Спирс е превземен од Reporter.mk.