Принцезата Јуџин, внуката на британската кралица Елизабета, се омажи вчера во замокот Винзор за Џек Бруксбанк, а на церемонијата присуствуваа голем број на познати личности и членови на кралското семејство.
Иако кралската венчавка отсекогаш привлекувала големо внимание, спорниот дел била сметката.
Семејството го плати приватниот дел од церемонијата, но активистите велат дека даночните обврзници ги чека сметка, само за обезбедувањето од два милиони фунти.
Групата „Република“ наведува дека принцезата Јуџин како деветта во редот за престолот, не извршува јавни должности, па оттука семејството е тоа кое треба да ја плати сметката.
„Не не интересира кој ќе го плати сето тоа, важно е тоа да не бидат граѓаните. Не разбирам зошто мораме да го плаќаме приватниот настан. Целосно е јасно дека кралското семејство нема претстава како живее другата половина од народот“, изјавила Дени Бекет од „Република“.
The Dean of Windsor joins the couple’s right hands together and proclaims them husband and wife. #RoyalWedding pic.twitter.com/2f4vnN47CT
— The Royal Family (@RoyalFamily) October 12, 2018
Од Бакингемската палат апорачаа дека ова е работа за полицијата.
За потсетување принцезата Јуџин (28) е втората ќерка од третото кралско дете принцот Ендру и Сара Фергусон, војвотката од Јорк.
Како и својата постара сестра Беитрис, Јуџин не извршува официјални кралски должности, туку работи како директор на една уметничка галерија во Лондон.
На свадбата биле поканети 850 лица кои биле блиски до познатата двојка, а уште околу 1200 слуѓе биле поканети на основа на лотарија за да присуствуваат во замокот на венчавката, така што прашањето колку сето тоа чини со право ги загрижи голем број од даночните обврзници.
Текстот Британските граѓани гневни што плаќаат за венчавката на принцезата Јуџин е превземен од Reporter.mk.