Бритни прослави 20 години од хитот поради кој стана ѕвезда

Вчера светскиот поп-хит Baby One More Time на Бритни Спирс одбележа 20 години од своето објавување.

Една од песните кои во целост ја променија светската поп-сцена е дебитантскиот сингл на Бритни Спирс – Baby One More Time.

Вчера 36-годишната пејачка споделила кратко видео на својот твитер-профил токму во чест на глобалниот хит од 1998 година.

Спирс им се заблагодари на своите обожаватели кои ја поддржуваат нејзината работа во текот на сите овие години.

Бритни исто така објавила и кратко видео на својот јутјуб-канал кое во целост е посветено на 20-годишнината од нејзиниот хит Baby One More Time. Во кратката снимка се прикажани кадри од музичкото видео, како и исечоци од сетот и некои интервјуа кои таа ги дала за светските медиуми.

Во периодот кога го објавила синглот ни самата Бритни не претпоставувала дека токму тој ќе ѝ ја донесе светската слава. Откако ја слушнала демоснимка од песната што ја напишал Макс Мартин, пејачката се согласила да замине за Шведска и таму да ја сними песната, како и неколку други синглови кои требало да се најдат на нејзиниот прв албум.

Иако била релативно непозната пејачка во време на објавувањето на Baby One More Time, песната долго се задржа на врвот на светските музички топ-листи, а до денес се продадени повеќе од десет милиони примероци од наведениот сингл, наведува „Билборд”.

Текстот Бритни прослави 20 години од хитот поради кој стана ѕвезда е превземен од Reporter.mk.