Бритни Спирс ќе ја има првата самостојна изложба

Пејачката Бритни Спирс ќе ја имата првата самостојна изложба, пишуваат светските медиуми. Изложбата под името „Понекогаш мораш да играш“, Бритни ќе ја одржи на 18 јануари, во градот Фигеац во југозападна Франција.

Засега не се познати деталите. Нејзините пријатели шпекулираат дека пејачката можеби и нема да се појави на истата. Бритни освен што пее, глуми, танцува и дизајнира облека, таа во 2017 година почна да се занимава и со сликарство.

 

Текстот Бритни Спирс ќе ја има првата самостојна изложба е превземен од Reporter.mk.