Бритни Спирс, од поп-икона до клиника за рехаблитација

Светската пејачка Бритни Спирс низ кариерата ја следеа голем број на успеси и падови. Покрај успешната музичка кариера, Спирс ја обвинуваа дека е лоша мајка, дека користи дрога и конзумира многу алкохол.

Поради тоа го пејачката го изгуби старателството над синовите. Врвот на сè беше доживеаниот нервен слом.

Поп-принцезата е 20 години на музичката сцена, а нејзиниот бурен живот се одвиваше под бурното око на медиумите. По бакнежот со Мадона на доделувањето на „МТВ наградите“ во 2003 година, животот на популарната пејачка почна да паѓа надоле.

 

Во 2004 година беше во брак неполни 55 часа со својот школски другар, со кого се венчаше во Лас Вегас. За Бритни потоа следуваше хаотичен период со својот танчер Кевин Федерлајн.

По неколкумесечен период забава, Кевин и Бритни се венчаа и станаа родители. По разводот со Кевин, пејачката доживува целосно фијаско во животот.

Таа се откажува од пороците и во јавноста се почесто била видена во лошо издание. Дрогата и алохолот беа нејзина секојдневие, а во 2007 година резултираше со губење на старателството над децата.

Бритни тогаш доживеала нервен слом пред очите на јавноста и завршила на клиника за рехабилитација. По опоравувањето Бритни се враќа на музичката сцена и повторно ги освојува топ-листите. Набрзо по опоравувањето Бритни успева да го врати правото да ги види своите синови и да го почне својот живот од почеток.

 

 

 

Текстот Бритни Спирс, од поп-икона до клиника за рехаблитација е превземен од Reporter.mk.