Близок пријател и поранешен соработник на светската пејачка Бритни Спирс, открива дека таа од јануари се наоѓа во калифорниски институт за ментално здравје против нејзината волја.
Изворот открива дека ја прекинал долгогодишната соработка со нејзиниот тим, затоа што не се согласувал со начинот на кој ја водат нејзината кариера. Тој вели дека луѓето околу неа постојано ја затрупувале со обврски, иако на сите им било кристално јасно дека таа не може да го поднесе сето тоа.
Соработникот нагласил дека Бритни се наоѓа во клиниката од јануари, кога се повлекла од медиумите под изговор дека сака да му се посвети на семејството. Затоа што пејачката давала отпор за одење во клиниката, таа таму е сместена против нејзината волја, вели изворот.
Ваквата одлука ја донее сите членови во семејството затоа што биле загрижени за нејзиното здравје, а сега, по откривањето на веста, загриженост покажаа и голем број од нејзините фанови. Бритни прекинала да ги зема лековите, нешто што е нејзина стандардна терапија од 2007 година.
Текстот Бритни Спирс сместена во ментална институција против своја волја е превземен од Reporter.mk.