Најновата филмска верзија на „Џокер“, во којa главната улога ја толкува Јоакин Финикс, многумина ја сметаат за најдобра досега, па сакалилата од филмот на кои се случува една од најпрепознатливите сцени станаа вистинска атракција.
Иако филмот на Тод Филипс премиерно беше прикажан пред помалку од два месеца, тој веќе ја освои наградата „Златен лав“ на 76. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, а скалите на кои џокерот танцува прераснаа во туристичка атракција.
Една сцена во филмот го прикажува ликот на Артур Флек – Џокер како во кулминацијата на своето лудило танцува на скали додека во позадината се слуша песната од Гери Глистер, „Рок ен рол парт 2“.
Фановите на Џокер брзо ги лоцираа скалите кои ги поврзуваат Шекспировата улица и авенијата Андерсон во Бронкс (Њујорк) и од нив направија атракција, а Инстаграм е преплавен со фотографии и видеа од обожавателитe кои се обидуваат да го имитираат танцот на Џокер.
Бронкс е дел од Њујорк што го бие лош глас поради високата стапка на криминал. Но, сега, во овој дел од градот покрај Зоолошката и ботаничката градина и стадионот на „Јенките“, туристите добија уште еден мотив повеќе зошто би ја посетиле „проблематичната област“.
Текстот Бронкс доби нова туристичка атракција поради филмот „Џокер“ е превземен од Reporter.mk.