Глумецот Брус Вилис и неговата сопруга Ема го продаваат имотот што се наоѓа во близина на Бедфорд Корнер во американската држава Њујорк. Почетната цена на овој имот е речиси 13 милиони долари, иако двојката го купи пред пет години за 12 милиони долари.
Главната куќа на луксузниот имот има голема дневна соба со поглед на Кротон Ресервоар. Таа има пет спални, игрална за деца, соба за гледање филмови и игрици и винска визба. На имотот има три помали куќи кои имаат вкупно седум спални соби. Една од овие куќи служи како канцеларија, другата е наменета за гости и третата за вработени. Постои градина на која семејството Вилис одгледува сопствени производи.
„Единствената причина поради која го продаваме овој имот е дека решивме да се преселиме на Западниот брег за да можеме да бидеме поблиску до нашето семејство”, рекол Брус во интервју за магазинот „Архитектурал дигест“, каде што се објавени слики од имотот.
Вилис на Источниот брег сепак ќе го задржи луксузниот стан на Менхетен кој лани на почетокот на годината го платија 8 милиони долари.
Текстот Брус Вилис продава луксузна вила за 13 милиони долари е превземен од Reporter.mk.