На гостувањето на телевизија „Телма“, вицепремиерот Бујар Осман, зборувајќи за бурните реакции на јавноста во однос на политиката на власт, дојде и до поимот катарзата. Доктор Бујар Османи рече дека “во психоанализата обично пред да се доживе катарзата тогаш се најбурни реакциите” додавајќи дека катарзата треба да ја очекуваме во јануари. Така да, според Бујар, во јануари , веројатно ќе има колективно чистење, коментираат на социјалните мрежи. Според него, јануари е месецот кога ќе се издигнеме над прашината. И додаде дека се што треба е да го издржиме овој хаос во моментов и за само еден месец.
Во етимологијата, зборот катарза доаѓа од грчкиот збор kátharsis што значи прочистување. Но, кај овој поим постојат повеќе толкувања, како ритуално чистење од нечистотии, а во медицината чистење на организмот, празнење на цревата од разни отрови и бактерии.
И Хипократ, вели дека катарзата е телесно чистеење. Во филозофијата пак , онаа античката, според Аристотел, душата се издигнува над телото и телсните страси, па со катразата се возвишува естетското уметничко дело. Во писхологијата, катразата се толкува како свесно потиснување или заборавање на нешто за кое сме биле предходно свсни.
Ако е за верување она што Османи го зборуваше за катарзата, тогаш нацијава ќе доживее нешто што тежнееле да го доживеат и најголемите филозофи во историјата.
Текстот Бујар Османи не утеши со катарза и колективно чистење во јануари е превземен од Reporter.mk.