Глобалниот синџир за ресторани за брза храна „Бургер кинг“ му понудил работа на британскиот принц Хари, откако тој и неговата сопруга, Меган Маркл, минатата недела најавија дека планираат да се повлечат од кралското семејство и да се преселат во Канада, како би биле финансиски независни.
Од „Бургер кинг Аргентина“ први му се јавиле на Хари да му понудат работа.
„Ние први му се јавивме на војводата од Сасекс. Дознавме дека принцот и Меган ќе се откажат од кралското семејство за да бидат финансиски независни. Ние му дадовме предлог. Како и на илјадници други луѓе му понудивме првите негови бизнис-чекори да ги направи кај нас“, изјавил извор од компанијата.
„Знаете дека круната ќе ви одговара совршено. Ќе ви понудиме и работно место со скратено работно време. Исто така, по толку години живеење како војводи, време е да почнете да јадете како кралеви“, објавиле од компанијата.
Минатата недела кралската двојка предизвика бура во кралското семејство и британската јавност објавувајќи дека го напушти кралското семејство и со нивниот син Арчи планира да се пресели во Канада.
„Имаме намера да се повлечеме како високи членови на кралското семејство и да работиме за да станеме финансиски независни, истовремено и понатаму целосно да го поддржуваме Нејзиното Височество кралицата. Сега планираме да го балансираме нашето време помеѓу Велика Британија и Северна Америка, а истовремено ќе продолжиме да ја почитуваме нашата должност кон кралицата, Комонвелтот и нашите покровители“, стои во соопштението на принцот Хари и Меган Маркл.
Текстот „Бургер кинг“ му понуди работа на принцот Хари е превземен од Reporter.mk.