Балканската фолк-ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ќе пее на последната вечер од манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2018“ во Кавадарци. Гроздоберот ќе почне на 7 септември, а ќе заврши на 9 септември со концерт на Цеца.
Првиот ден на „Тиквешки гроздобер“ ќе настапат SAF Sound system и DJ George, Слаткар и Криско. На осми септември посетителите ќе ги забавуваат фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, „Љубојна“, „Некст тајм“, Џамбо и оркестарот „Агушеви“, DJ Sandy Rivera и DJ Mossel. На 9. ќе настапи бендот Happy end, а по нив во 22 часот ќе почне концертот на Цеца.
Покрај музичката програма, предвидени се и многу други настани, како дегустација на вино, трка на келнери, уметнички работилници, карневалско дефиле, таблијада, изложба на олдтајмери и слично.
Текстот Цеца ќе пее на „Тиквешки гроздобер“ е превземен од Reporter.mk.