Цеца ѝ подготвува луксузна роденденска журка на Анастасија

Анастасија Ражнатовиќ на 30 мај ќе наполни 21 година, па со својата мајка, фолк-ѕвездата Цеца, веќе подготвуваат голема журка. На забавата која ќе изобилува од луксуз, се поканети преку 100 гости, пишуваат српските медиуми. Гостите ќе ги забавува Слоба Радановиќ, еден од омилените пејачи на Анастасија, кој го сврте вниманието на јавноста со учеството во реалното шоу „Задруга“.

„Анастасија го сака пејачот Слоба Радановиќ и неговиот глас, па затоа Цеца го поканила тој ден тој да ги забавува гостите, што тој со задоволство го прифатил. Планирано е да има околу 120 луѓе, а на предлог агенцијата што ќе го украсува просторот, Анастасија прифатила целата сала да биде во бело-розови тонови. Цеца веќе одамна рече дека едвај чека да запее на роденденот на ќерка си, секако и бројни други пријатели таа вечер ќе се пеат“, рекол извор близок до семејството за српските медиуми.

Анастасија неодамна ја промовираше својата втора песна „Рани“, која е авторско дело на Дарко Димитров.

 

Текстот Цеца ѝ подготвува луксузна роденденска журка на Анастасија е превземен од Reporter.mk.