Цеца: Вељко и Анастасија не можат да ја наследат мојата слава

Српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ вели дека е горда на своите две деца и вели дека им дава совети, особено на нејзината ќерка Анастасија во музичката кариера. Таа ова лето го објави својот прв хит „Совршен пар“, а на големо работи и на новите песни.

„Славата не може да се наследи. За славата треба да се избориш, за кариерата исто така. Анастасија има многу од тоа на што мора да работи. За работите поврзани за кариерата понекогаш мора да се жртвувате, да се посветите сто проценти на кариерата. Јас тоа од срце и го посакувам. Таа мора просто да се посвети на тоа целосно и да живее со тоа. Кога јас почнав да ги бирам моите песни од албумот „Кукавица“, и „Што е тоа во твоите вени“, од тогаш не сакав да снимам нешто што мене ме немаше допрено. Сакав да ги доживеам песните. Така ја пуштив и неа. Таа мора низ својот сензибилитет да одлучи што сака, а што не сака“, вели Цеца.

И покрај тоа што признава дека не е некој голем љубител на боксот, фолк дивата вели дека со целото срце го поддржува својот син Вељко, кој одбрал да се занимава со овој спорт.

„Боскот е племенска вештина. Така барем велат. За мене не е. Што е тука племенито во ударот по глава и по телото? Но, драго ми е што се одбра за спортот. Што се пронајде самоиот себе си. Двајцата ги избраа своите професионални патишта, а јас сум само тука да ги поддржам“, вели Цеца.

 

Текстот Цеца: Вељко и Анастасија не можат да ја наследат мојата слава е превземен од Reporter.mk.