Судот во Пазин го ослободи хрватскиот пејач Тони Цетински од обвинението дека предизвикал сообраќајна несреќа во која почина Ибрахим Кевљанин (62). Несреќата се случи на 3 ноември 2017 година во Ровињ. Тогаш познатиот пејач со својот „мерцедес“ го прегазил човекот кој лежел на патот, по што тој починал.
Според исказот на двајца судски вештаци на судењето, Цетински не бил под дејство на алкохол или дрога во моментот на несреќата. Освен тоа речиси сите сведоци потврдија дека улицата каде што се случила несреќата е многу тесна и непрегледна, особено завојот каде што се случила несреќата и дека пејачот не можел да го види мажот кој веќе лежел на патот. Во моментот на несреќата на улицата немало знак за ограничување на брзината, а тој е поставен неодамна и сега таму ограничувањето на брзината е 20 километри на час.
По несреќата, Цетински долго време се повлече од јавноста. Потоа тој изјави дека не е виновен за смртта на Кевљанин, но дека и покрај тоа што знае дека не го убил човекот, цел живот ќе мора да живее со вина за тоа што се случило.
Текстот Цетински ослободен од обвинението дека убил човек е превземен од Reporter.mk.