Чарли Шин за една снимена епизода од „Два и пол мажи“ заработувал по 1,6 милиони евра, што го става прв на листата за најплатени телевизиски актери, пишуваат американските медиуми.
Веднаш зад него на оваа листа се најде глумецот Реј Романо, кој за една снимена епизода во серијата „Сите го сакаат Рејмонд“, заработил 1,5 милиони евра.
Трет најскапо платен телевизиски актер е Келси Грамер. Тој го играше ликот на „Фрејзер“ и во истоимената серија заработувал по 1,4 милиони евра за една снимена епизода.
Зад него се најдоа имињата на Тим Ален со „Сам свој мајстор“ и актерките Џенифер Анистон и Рис Витерспун кој за една снимена епизода во телевизиската програма The morning show’, заработувале околу еден милион евра.
Текстот Чарли Шин е најплатен телевизиски актер е превземен од Reporter.mk.