Холивудскиот актер Чарли Шин прослави еднагодишнина од денот кога се одлучил да прекине да конзумира алкохол. Проблемот со алкохолот Шин го мачел уште во периодот од 80-те години, кога бил зависен од многу други опијати. Чарли во еден период од својот живот бил трезен 11 години, но вели повторно им се вратил на пороците.
„Сето тоа мораше да заврши. Сега се чувствувам подобро. Штом јас успеав без алкохол и дрога еднаш, знаев дека можам повторно, затоа што го имам тоа во себе. И еве, сега успеав. Донесов неколку одлуки пред Нова година која веќе ја остварувам, но пак морам да престанам со пушење цигари. Тоа секако не е добро“, изјавил Чарли.
Шин исто така изјавил дека е горд на самиот себе си.
„Се разбира дека ми е драго што внесов промени во својот живот. Тоа ме мотивира за понатамошен напредок и на приватен и на деловен план. На крај јас сум некој на кого луѓето можат да се потпрат“, изјавил Чарли.
Ѕвездата од серијата „Два и пол мажи“, повторно се враќа на стара слава. Неодамна Чарли се нашол на насловната страна на едно познато списание, а исто така снимил и реклама за еден австралиски бренд, каде друштво му правеле две секси девојки.
Текстот Чарли Шин слави една година без капка алкохол е превземен од Reporter.mk.