Поранешниот батлер на принцот Чарлс и покојната принцеза Дајана тврди дека Чарлс толку го имало удрено кралскиот живот во глава, што вработените во Бакингемската палата му дале надимак „размазениот принц“. За кралското семејство се снима и нов документарец, а во него ќе се прикажат деталите од животот на принцот.
„Неговата пижама мора да биде совршено испегалана веднаш откако ќе се разбуди. Неговите врвки мораат да се извадат по секое носење, да се чистат и да се пеглаат. Неговата када мора да биде под прав агол, а водата секогаш да биде со иста температура“, изјавил батлерот Паул Бурел, пренесува Pure Wow.
Тој додал дека пастата на четката мора да биде со должина точно 2,5 сантиметри. Исто така, принцот го повикува батлерот да му ги додаде работите кои се наоѓаат на само неколку чекори од него.
„Еднаш ме повика и ми рече дека писмото му паднало под столот во корпата со хартии и треба да му го додадам“, раскажал Бурел.
Ова не е прв пат да бизарноста во кралскиот двор излезе на виделина. Во неодамна објавената книга на Том Боверс, 120 луѓе ги раскажале своите искуства со кралското семејство. Според книгата, Чарлс наводно секаде ја носи својата тоалетна даска, ја менува облеката и до пет пати дневно, а на секој настан носи и сопствена храна.
Текстот Чарлс познат како размазениот принц во Бакингемската палата е превземен од Reporter.mk.