Лидерот на српската партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, ја обвини пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца, дека ги знаела плановите, за двата атентати на поранешниот српски премиер Зоран Џинџиќ.
Тој вели дека пејачката дала исказ во полиција и потврдила дека знаела за атентатите, како и тоа дека по неа истата приказна ја потврдила и нејзината сестра Лидија Оцоколјиќ.
Првиот обид за атентат на Џинџиќ беше неусоешен, кај салата Лимес, додека во вториот премиерот беше убиен. Чедомир вели дека Цеца знаела за атентатите, но молчела за тоа.
Чедомир ја обвини Цеца дека била соучесник во атентатот на Џинџиќ. Цеца за српските медиуми одговорила дека Јовановиќ само шири шпекулации и плаче по телевизиски емисии, во обид да го исчисти неговото име и дека таа сè што имала да му каже, му го кажала во лице.
Јовановиќ на телевизија „Хепи“, ја нарече Цеца мафијаш и кажа дека таа по убиството на Џинџиќ, дала исказ во полиција и потврдила дека знаела за атентатот, а тоа го потврдила и нејзината сестра.
„Цеца знаеше дека Зоран ќе биде убиен. Од неа се бараше да даде изјава кога ќе се случи тоа и дали убијците биле кај неа дома. Пред обидот за атентат и по него, таа ја потпиша својата изјава. Сега треба да одговара за тоа, или можеби јас сум садист“, навел Чедомир.
Чедомир одговори и на обвинувањата на Цеца, дека тој се гледал со припадници на Земунскиот клан и изјавил дека со нив се видел двапати, но не ги објаснил причините. Јовановиќ подвлекол дека убиството на премиерот никогаш не застарува.
„Тој 12. март никогаш нема да застари. Тие знаат дека јас сум сведок кој дише и живее за продолжување на судењето и целосно се залагам за казнување на сите одговорни за убиството на Џинџиќ и патењето на оваа земја“, навел тој, објаснувајќи дека Цеца, за повеќе од работите молчела, отколку што ги кажала јавно и отворено.
„Таа е од оние кои не се одрекува од своите пријатели. Мене ни Легија не можеше ништо да ми каже, не па таа. Долга е колоната на оние кои се извлекоа по тој 12. март“, вели Чедомир, кој ја коментираше приврзаноста на Цеца со земунскиот клан, објаснувајќи дека таа не е компентентна да дели правда.
На ваквите тешки обвинувања, Цеца му одговорила преку српските медиумите.
„Јас на него пред целата нација во емисијата, очи во очи му кажав сè што имам. Тој имаше два часа да каже пред мене сè што сака. Тој е тој кој сега иде по телевизиите да плаче и се обидува дополнително да се испере. Јас немам намера да правам нешто такво“, изјавила Цеца, за српски Курир.
Јовановиќ во емисијата зборуваше и за другите актери во раните деведесети, како што е премиерот со поранешниот премиер Војислав Коштуница. Тој одговори негативно на прашањето дали поранешниот амбасадор на САД, Вилијам Монтгомери, го забранил апсењето на Коштуница.
„Претходно би си ја откинал главата, пред да дозволам да се случи такво нешто. Немаше основа за апсење на Коштуница, затоа што немавме докази“, изјавил Јовановиќ.
Текстот Чедомир Јовановиќ ја обвини Цеца дека знаела за атентатот на Зоран Џинџиќ е превземен од Reporter.mk.