Челзи Клинтон (38), ќерката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, на социјалните мрежи се пофали дека по третпат ќе се оствари во улогата на мајка.
Челзи е во брак со Марк Мезвински девет години, а вели дека веста за приновата ги воодушевила сите во нејзиното семејство. Челзи во 2014 година ја роди ќерката Шарлот, а две години подоцна и синот Ејдан.
Marc and I have loved watching Charlotte be such a wonderful big sister and we’re excited to watch Aidan become a big brother! We cannot wait to meet our newest addition later this summer.
— Chelsea Clinton (@ChelseaClinton) January 22, 2019
По објавената среќна вест, таа добила стотина пораки од своите обожаватели, но не им одговорила на големиот број прашања за полот на бебето.
Американските медиуми пренесуваат дека Челзи во моментов е посветена на пишување на нејзината нова книга, но, сепак, често истакнува дека децата се нејзиното најголемо животно достигнување.
„Марк и јас уживавме да ја гледаме Шарлот во улога на голема сестра, а сега ќе се радуваме да го гледам Ејдан како ќе стане постар брат. Со нетрпение чекаме да го запознаеме новиот член на семејството кој треба да пристигне подоцна ова лето“, напишала Челзи на својот твитер-профил.
Ќерката на Клинтон повремено работела за телевизиската мрежа NBC. За нив известувала за луѓето и организациите кои придонесувале за подобрување на својата заедница. Челзи примала плата од 600 000 долари годишно. Нејзиниот сопруг Марк е познат и успешен банкар.
Текстот Челзи Клинтон по трет пат ќе стане мајка е превземен од Reporter.mk.