Четири дена „Скопје колинг“

Музичкиот фестивал „Скопје колинг 2018“ во организација на „Авалон продукција“ годинава ќе се одржи од 21 до 24 јуни на стадионот на АРМ. Фестивалот ќе го отвораат Аксвел и Ингросо, чиј настап е закажан за 21 јуни. На 22 јуни ќе настапат трип-хоп легендите „Морчиба“, а по нив ќе настапат „Новел ваг“.

23 јуни е резервирана за љубителите на рок-музиката, концерт ќе има еден од најголемите британски бендови, „Тексас“, а потоа Дарко Рундек со неговиот бенд. Крајот на „Скопје колинг 2018“ е резервиран за електронската музика, со настапот на Алан Вокер.

Следната недела организаторите ќе најават каде и кога ќе се одрат настапите на „Систер Блис“ и „Роџер Санчез“.