Член од бендот на Џон Бон Џови е заразен со коронавирус

Клавијатуристот на рок-бендот на популарниот американски рокер Бон Џови, Дејвид Брајан, е заразен со коронавирус, пренесуваат американските медиуми. Тој и самиот потврдил на својот „Инстаграм“ профил, дека го има опасниот вирус и замоли сите да останат дома и да внимаваат едни на други.

„Ве молам да не се плашите. Ова е грип, не е чума. Во карантин сум цела недела и ќе бидат уште недела дена. Кога ќе се опоравам, ќе се тестирам повторно за да бидам сигурен дека сум се ослободил од овој грозен вирус. Ве молам помогнете си едни на други. Ова наскоро ќе биде готово, ако сите си помогнеме заедно“, напишал Брајан.

Во коментарите Брајан доби голем број пораки како од неговите обожаватели, така и од бројни славни личности и пријатели кои му дадоа поддршка и му посакаа побрзо да оздрави.

Пејачот Џон Бон Џови во овој период на коронавирус, реши да внесе малку позитивна енергија. Тој на својот „Инстаграм“ профил објави снимка која ја испрати како поддршка на неговите обожаватели во Чикаго, откако дозна дека на прозорите тие ги пееле неговите песни.

 

View this post on Instagram

 

Hey Chicago! Heard we’re singing and I wanted to join in.

A post shared by Jon Bon Jovi (@jonbonjovi) on

Текстот Член од бендот на Џон Бон Џови е заразен со коронавирус е превземен од Reporter.mk.