Од 12 до 14 октомври во Радовиш ќе се одржи традиционалната манифестација „Самун ем татлија“. Настанот ќе почне во петок (12 октомври) во 17 часот со промоција на најголемиот самун (5 метри) и најголемата татлија (2 метри). Во сабота (13 октомври) во 13 часот ќе се одржи натпревар во брзо јадење самун. На тридневната манифестација ќе настапат бројни музичари, меѓу кои и Црвена јабука, Куку леле, Жаре Бербер, Тропико бенд, Кристина Арнаудова, Александар Тарабунов, Синтезис и други. Тридневниот фестивал „Самун ем татлија“ ќе се одржува на паркингот „Орел“.
Текстот Црвена јабука и Жаре Бербер на „Самун ем татлија“ е превземен од Reporter.mk.