Да ја размрдаме малку публикава, најавија „Дрим тим“

„Сладок си мој животе“ е насловот на најновото музичковидео на  „Дрим тим“. Ја највија како песна „ која добро ќе ве размрда во овој претпразничен период“. Видеото е снимано за време на американската турнеја на „Дрим тим“.

„Велат спонтаните работи се најубави, така излезе и со спотот за оваа тема. Идејата се роди случајно, сакавме убавото патување во САД, а за време на кое имавме можност да се видиме и дружиме со наши драги луѓе и да го овековечиме тоа со спот, и така и се случи. Песната е убава, позитивна, па сакавме и целата атмосфера во спотот да биде таква“, велат од „Дрим тим“.

Бендот најави и продолжение на проектот „Етно Балкан“. За  2019 најавуваат јубилеен концерт  кој е замислен како убаво патување низ кариерата и една голема дружба со колегите со кои соработувале.

 

Текстот Да ја размрдаме малку публикава, најавија „Дрим тим“ е превземен од Reporter.mk.