Откако вчера беше објавена веста за смртта на драматургот Горан Стефановски, на социјалните мрежи постојно се споделуваа извадоци од неговите познати драми. За Горан, кој е брат на легендарниот гитарист Влатко Стефановски, се раскажуваа случки и анегдоти од оние кои го познаваа. Двајцата браќа, генијалци, едниот врвен музичар, другиот врвен драмски писател, се од скопската населбата Тафталиџе, од улицата Мексичка, каде што настанала и групата „Леб и сол“. Горан Стефановски всушнот е автор на повеќето текстови на песните на познатата група, а ретко кој знае и дека името на бендот „Леб и сол“ е всушност по идеја на постариот брат на Влатко.
Освен што неговите колеги вчера се простија од него на социјалните мрежи, дознавме и по некоја приказна за Горан. Од тоа дека најинтересните реплики во драмските текстови ги создавал откако се автобус ќе се извозел низ Скопје.
Музичарот Златко Ориѓански раскажа како за време на премиерата „Огнени јазици“ во Драмски седеле кај тонците и пиејќи црвено вино ја гледале изведбата на театарската претстава чиј драмски текст е на Горан, режијата на Слободан Уновски, а музиката на Ориѓaнски.
Бобан Милошевски од „Авалон“, пак, раскажа за концертот на Боб Дилан, кој Горан неколкупати го гледал во Лондон, ама дошол да го гледа и во Скопје оти, како што вели „Не е штос Боб Дилан да се гледа во Лондон, туку штос е Боб Дилан да се гледа во Скопје“.
Текстот Да не беше Горан Стефановски, не ќе беше „Леб и сол“ е превземен од Reporter.mk.