На 25 април, три дена пред Велигден, актерот и стенд-ап комичар Сашо Тасевски, ќе настапи во ресторанот „Амбрела“ со своето ново стенд-ап шоу „Да се скршиме од смеење додека не сме ги искршиле јајцата“. Сашо во најавата вели дека смеењето е единствената бесплатна работа што го продолжува животот.
„Да не беше смешно, немаше да го играм“, додава тој.
Новото стенд-ап шоу глумецот го промовира неполн месец по претставата „Северно од Македонија“, која имаше голем успех кај публиката. Билетите за шоуто се веќе во продажба, а чинат 150 денари.
Текстот Да се скршиме од смеење додека не сме ги искршиле јајцата е превземен од Reporter.mk.