Дајана го украла принцот на сестра ѝ

Принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета II, својот прв сопруг Марк Филипс го запознала на Олимпијада. Некои од приказните за запознавањето на кралските двојки, се реално неостварливи меѓу обичните луѓе. Сепак, како монархијата станува се помодерна, така и тие имаат повеќе слобода и избор.

Ова се некои од најинтересните приказни за запознавањето на двојките.

Кралицата Елизабета и принцот Филип

Оваа двојка се познава од детството. Елизабета имала 8, а Филип 13 години кога се запознале на венчавката на принцезата Марина од Грција и војводата од Кент. Службено станале пријатели пет години подоцна. И двајцата се роднини по второ колено. По таа средба, кога Елизабета имала само 13 години, почнале да си разменуваат писма и се заљубиле. Нивната веридба е објавена во јули 1947 година, но jaвноста се сомнева дека двајцата се венчале претходно. Тие чекале со објавата додека таа не наполни 21 година. Се венчале и имаат четири деца, Чарлс, Ана, Ендрју и Едвард.

Принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс

Чарлс и Камила се запознаваат преку нивен заеднички пријател на забава во 1971 година. Набрзо потоа се љубовници. Камила била заљубена во Ендру Паркер Боулс, со кого често раскинувала. Кога Чарлс заминал да служи во морнарицата, таа се верила за Боулс. Toj rечиси цело време ја изневерувал. Чарлс се венчава со Дајана, кој пак ја изневерува со Камила, а по комплицираната врска, која траела повеќе од 30 години, Чарлс и Камила конечно се венчаваат во 2005 година.

Принцот Чарлс и принцезата Дајана

Тогаш 16 годишната Дајана Спенсер се запознава со Чарлс, кога тој бил во врска со нејзината сестра Сара. Тие разговарале, танцувале, но романсата се случила дури две години подоцна, кога и двајцата биле слободни. Се нашле на забава, а шест месеци подоцна се вериле. Се венчале во 1981 година, а се разделиле во 1996 година.

Принцезата Ана и Марк Филипс

Ќерката на кралицата Елизабета II, Ана била успешна во трките со коњи. Таа дури ја освоила титулата европски првак. На Олимписките игри во Минхен во 1972 година, го запознала својот колега јавач, Марк Филипс. Со него имала турбулентна врска. Кога се венчале, на Филипс му понудиле титула на гроф. Тој ја одбил, па затоа и нивните деца, Марк и Зара Филипс, исто така ја немаат. Двојката службено се има разведено во 1992 година.

Принцезата Ана и Тимоти Лоренс

Вториот сопруг Ана го запознала во осумдесетите години, кога се распаднал нејзиниот брак со Филипс. Тимоти работел како кралски помошник, а јавноста дознала за таа врска во 1989 година. Медиумите успеале да дојдат до љубовните писма кои тој и ги испраќал на принцезата. Се венчале три години подоцна.

Принцот Ендру и Сара Фергусон

Ендру и Сара се движеле во слични социјални кругови од мали. Таткото на Сара бил менаџер на кралското семејство, па нивните средби биле чести. Таа била пријателка и со принцезата Дајана, која и ги има запознаено во 1985 година. Седеле еден до друг за време на ручекот во „Аскота“ на коњските трки. Кога дошло време за десерт, Сара рекла дека нема да земе затоа што била на диета. Ендру ги предупредил дека тоа било кршење на бонтон. Кога дошло време да нарача десерт, тој рекол дека не сака.

„Го удрив по рамо и почнав да се смеам“, напишала подоцна Ферги во автобиографијата. Се венчаа година дена подоцна и имаат две ќерки, прнцезата Биатрис и Еугенија. Бракот траел десет години.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Слатката брачна двојка се запознале на прилично обичен начин. На прва година на факултетот на Универзитетот Сент Ендрус во 2001 година. Прво биле блиски пријатели.

„Кога се запознавме, целосно поцрвенев. Бев многу срамежлива“, изјавила Кејт. Вилијам раскажува како година дена биле пријатели а тогаш односот се претворил во врска. Во десетата година, колку биле заедно пред веридбата, два пати раскинале, а се венчале во 2011 година. Ги имаат синот Џорџ (5), ќерката Шарлот (2) и сега новиот принц Луис.

 

 

 

 

 

Текстот Дајана го украла принцот на сестра ѝ е превземен од Reporter.mk.