Дајана Рос во одбрана на ликот и делото на Мајкл Џексон

Легендарната пејачка Дајана Рос, вели дека нема да дозволи да се валка ликот и делото на нејзиниот некогашен обожавател Мајкл Џексон. Дивата на соул и р’н’б звукот, вели дека била блиска со кралот на поп музиката, уште кога биле двајцата деца.

Пејачот бил фасциниран од својата четрнаесет години постара колешка до таа мера, што својата прва естетска операција ја направил за да личи повеќе на неа. Дајана вели дека сега таа сака д направи нешто добро за него.

Дајана ги замолила сите кои ги поттикнуваат тврдењата изнесени во документарецот Leaving Neverland, да престанот со тоа во име на љубовта.

„Ќе ви кажам нешто што од утрото ми лежи на срце. Верувам дека Мајкл Џексон беше и остана неверојатен уметник, како за мене, така и за многу други луѓе. Запрете со обвинувањата во име на љубовта“, порачала Дајана на „Твитер.

Во неодамна објавениот документарец Leaving Neverland двајца мажи го обвинија легендарниот пејач дека додека биле деца, тој сексуално ги злоставувал и се иживувал над нив.

Текстот Дајана Рос во одбрана на ликот и делото на Мајкл Џексон е превземен од Reporter.mk.