Популарната глумица Дакота Џонсон на црвениот тепих за настанот Maison St-Germain во Малибу дојде облечена во широки фармерки и топ од Иса Арфен со машна од кој се гледаше нејзиниот гол стомак. Домаќин на настанот беше нејзината пријателка и стилист Кејт Јанг, која и ја облече Дакота за црвениот тепих.
Американските стилисти го бендисаа нејзиниот изглед и ја пофалија храбрата комбинација. „Гламурот не е само во елегантните фустани на познатите дизајнери“, стои во еден од коментарите на социјалните мрежи. „Се враќаат осумдесеттите, а Дакота е вистински предводник на овој стил“, напиша друг стилист.
Текстот Дакота Џонсон избра фармерки за црвениот тепих е превземен од Reporter.mk.