Даниел Крег во тајна посета на Белград

Британскиот ктер Даниел Крег, познат по улогата на тајниот агент Џејмс Бонд пристигнал во Белград. Ова е втора филмска ѕвезда по Џони Деп, која што е во посета на белградската престолнина.

Не е познато која е причината зошто Крег пристигнал во Белград, но во јавноста се шпекулира дека актерот е во потрага по локација за снимање на серијата Purity, филмот The Greed of Viloence, но се бараат и места за снимање на кадри за новиот филм на „ Џејмс Бонд“.

Минатата година Даниел Крег потврди дека ќе игра уште во еден филм како таен агент, но тоа дефинитивно ќе биде и неговото последно појавување во таа улога.

Крег наводно бил незадоволен од успехот на еден од филмовите за Бонд, „Спектар“, од 2015 година и одлучил повеќе да не се појавува во оваа улога. Сепак подоцна вели дека се предомислил.

Британскиот актер дебитираше во улогата на „Бонд“ во 2006 година со „Казино ројал“, а потоа глумел и во продолженијата „Зрно утеха“ (2008), „Скајфол“ (2012) и „Спектар (2015).

Што се однесува до режисерот, засега е познато дека Дени Бојл нема да режира, а причината е несогласување со Даниел и продуцентката Барбара Борколо. Извори тврдат дека Бојл сметал дека најдобро решение за донесувањето на новиот „Бонд“ било да го убие. Според новите последни податоци, „Бонд 25“ ќе го режира Кери Фукунага.

Текстот Даниел Крег во тајна посета на Белград е превземен од Reporter.mk.