Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ на 14 февруари ќе одржи концерт во Македонскиот народен театар во Скопје. Ова е прво гостување на Данијела во Скопје по скоро десет години. Концертот на популарната пејачка е дел од нејзината турнеја „Неописиво“. Таа во Скопје ќе ја промовира новата песна „Човјек без адресе“, а ќе ги испее и нејзините најголеми хитови „Нека ми не сване“, „Плеши са мном“, „То мало љубави“ и други.
Билетите се веќе во продажба на билетарата на МНТ и онлајн. Организатор на концертот на Данијела е „Нова травел“.
Текстот Данијела во Скопје за Денот на вљубените е превземен од Reporter.mk.