Ракометниот портал „Балкан хендбол“ го избра македонскиот тренер Данило Брестовац за најдобар екс-ју селектор за сезоната 2018/19. Брестовац доби најмногу гласови од публиката и од новинарското жири. Ова е прво признание за него од популарниот босански портал за ракомет.
Брестовац станата селектор на македонската ракометна репрезентација минатиот март, откако нашите ракометари загубија од Грција во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 година. На крајот на квалификациите, Македонија заврши на првото место. Брестовац е поранешен тренер на „Металург“, а беше селектор и на младинската репрезентација на Македонија, која лани во Скопје го освои Европското првенство во втората дивизија.
Пред Брестовац, наградата за најдобар екс-ју тренер ја освојуваа Драган Аџиќ, Лино Червар, трипати Веселин Вујовиќ и Велимир Петковиќ.
Текстот Данило Брестовац е најдобар тренер во поранешна Југославија за 2019 година е превземен од Reporter.mk.