Дара Бубамара го откачи дечкото додека ја запросувал

Пејачката Дара Бубамара го остави својот 17 годишен помлад кошаркар Немања Безбрадиќ, во моментите додека тој ја запросувал. Пејачката која зад себе има два брака, реши повеќе да не се мажи, вели нејзин близок пријател.

„Дара Бубамара беше заљубена во Немања, но не е подготвена за брак. Откако ја прашал дали ќе се омажи за него, одлучила да му раскине затоа што не сакала да го мине животот со него. Тој бара брак и сака да создаде семејство, а на неа кариерата и е приоритет. Веќе два пати се има мажено и не сака трет брак“, вели извор близок до пејачката.

Поранешниот маж на Дара, Милан Кесиќ, со кого го има синот Констатин, се израдува кога слушнал дека пејачката повторно е слободна. Тој наводно се обидел да се смири со неа, но наишол на студен туш.

Пред Кешиќ, пејачката била омажена за Лазар Дугалиќ Лаки. По седум години врска и двајцата се венчаа во тајност, но се разведоа во 2007 година. по само шест месеци брак.

 

Текстот Дара Бубамара го откачи дечкото додека ја запросувал е превземен од Reporter.mk.