Српската пејачка Дара Бубамара предновогодишните празници ги минува во Париз заедно со својот син. Новата година Дара ќе ја мине работно во Белград, а вели дека во француската метропола ќе мине неколку дена на одмор.
Пејачката вели дека го зела синот на шопинг во Париз. Таа не сака премногу да го експонира во јавноста, но овој пат направила исклучок објавувајќи на социјалните мрежи неколку фотогорафии.
„Уживај. Имаш прекрасен син. Супер мама“, се само некои од пофалните коментари што ги доби пејачката од нејзините обожаватели.
Дара вели дека за новогодишната ноќ ќе настапи во белградски ресторан, каде што ќе ги забавува гостите до утринските часови.
Текстот Дара Бубамара на шопинг во Париз со синот е превземен од Reporter.mk.