Дара Бубамара на свадба фрлала со шише вино по гостите

Пејачката Дара Бубамара во емисијата „Гламур специјал“, призна дека го нападнала познатиот српски моден креатор Саша Видиќ на една свадба на нивен заеднички пријател.

Дара сакала да го удри Видиќ со шише вино. За среќа гостите брзо реагирале ѝ ја спречиле во намерата.

„Тој е наркоман и дебил. Само знае да се умилкува на познати пејачки како Цеца Ражнатовиќ. Ќе го удрев со шише вино, ако не ме запреа останатите гости“, изјавила Бубамара за време на нејзиното гостување во емисијата.

Досега Видиќ се нема огласено во јавноста по повод инцидент.

 

Текстот Дара Бубамара на свадба фрлала со шише вино по гостите е превземен од Reporter.mk.