Македонскиот продуцент и композитор Дарко Димитров летниот период го минува во Грција. Тој на „Фејсбук“ сподели неколку слики додека плива во морето и откри дека се одмора по напорниот работен период што го имаше измината година.
„Во брановите“, напиша Димитров на „Фејсбук“, а пријателите се пошегуваа дека се заиграл како дете
Димитров е еден од најуспешните македонски композитори и продуценти, но ретко споделува моменти од неговиот приватен и семеен живот. Тој неодамна објави слика со сопругата Маја и двете ќерки.
По одморот Димитров повторно се враќа на работа, а веќе најави дека подготвува песни за неколку балкански музички ѕвезди.
Текстот Дарко Димитров се заигра на бранови во Грција е превземен од Reporter.mk.