Српскиот пејач Дарко Лазиќ рано утрово е однесен на операција на ногата во болницата „Земун“, пишува српски „Телеграф“. Операцијата на бутната коска почнала во 7 часот и траела пет часа. Бидејќи поминала успешно, лекарите го одвеле Дарко на рендген, по што веднаш го вратиле на втора операција за да му вградат вештачки колк.
„Операцијата беше итна. Екстензијата што му беше ставена на ногата веќе почна да зараснува, па лекарите не смееја да чекаат. Ризикот беше преголем“, открил извор од болницата за порталот.
„Операцијата веќе мораше да се направи, но поради лошата состојба во којашто беше Дарко беше невозможно. Мораше да се запре внатрешното крвавење, со градите имаше проблем, беше на дијализа поради бубрезите. Сега е подобар, па мораше да се оперира и ногата за да се спречат идни компликаации“, додал истиот извор за „Телеграф“.
Текстот Дарко Лазиќ 5 часа на операција е превземен од Reporter.mk.