Фолк-пејачот Дарко Лазиќ, кој се прослави со шоуто „Ѕвездите на Гранд“, должи 400.000 евра на лихвари, пишува српски „Информер“. Порталот вели дека во наредните две години тој ќе треба да работи само за нив. Дарко, наводно, од лихвари позајмил 400.000 евра, а за да им ја врати оваа сума, тие му ги закажуваат сите свирки и целата заработка ја земаат за себе.
Неговите пријатели велат дека не знаат зошто Дарко морал да позајми толку пари, бидејќи со години наназад е еден од најплатените пејачи. Изненадена е и неговата поранешна сопруга Ана, која рекла дека додека биле во брак никогаш не ѝ кажал дека има финансиски проблеми.
Лихварите кои наводно му дале 400.000 евра, со неговите настапи ќе вратат скоро дупло.
Текстот Дарко Лазиќ должи 400.000 евра е превземен од Reporter.mk.