Дарко Лазиќ денеска го прослави 27 роденден заедно со неговата девојка Марина Гагиќ. Марина беше првата која јавно му честиташе. Девојката објави нивна заедничка фотографија со кратка и емотивна порака.
„Среќен роденден, единствен мој“, напишала Марина.
Марина на социјалните мрежи постирала уште една фотографија.
„Среќен роденден најубава насмевка на светот“, додала Марина.
Дарко Лазиќ и неговата девојка Марина Гагчевиќ ова лето уживаа во Будва, каде живее и неговата сеуште законска жена Ана Севиќ со нејзиното момче.
Лазиќ вели дека конечно е среќен и дека ја запознал личноста која сосема му одговара, а наскоро најави дека се подготвува и свадба.
Текстот Дарко Лазиќ го прослави 27 роденден со неговата девојка е превземен од Reporter.mk.