Дарко Лазиќ и Ана Севиќ на суд за станот од 300 000 евра

Српскиот пејач Дарко Лазиќ води постапка за развод со неговата сè уште законска жена Ана Севиќ. Двајцата не можат да се договорат околу заедничкиот стан вреден 300 000 евра.

Лазиќ вели дека инвестирал премногу пари во тој стан и дека нема така едноставно да се откаже од него. Ана бара станот да ѝ биде доделен на неа затоа што планира да живее во него заедно со нивната ќерка Лорен.

Судскиот спор трае веќе неколку месеци. Адвокатите велат дека откако ќе се знае одлуката за поседство на станот, Дарко Лазиќ и Ана Севиќ ќе бидат официјално разведени.

 

 

Текстот Дарко Лазиќ и Ана Севиќ на суд за станот од 300 000 евра е превземен од Reporter.mk.